Одрон во Хрватска уништи куќи како кули од карти(видео)


Во Хрватска Костајница, по поплавата од реката Уна, во попладневните часови дошло до големи одрони, при што се уништени најмалку 6 куќи. ХРТ јавува дека во делови од Хрватска е прогласена вонредна состојба поради поплавите од надојдената Уна, а оштетени се куќи и патишта, поради што неколку десетици граѓани се отсечени.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил сведок на оваа природна катастрофа и рекол дека едноставно куќите ги снемало како на некој филм.

За време на состанокот на Кризниот штаб на Цивилната заштира во Хрватска Костајница, на која присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во ново лизгање на земјите биле оштетени уште десетина куќи, повеќето целосно.

„Дел од ридот се излизга во подножјето, но за среќа нема човечки жртви. Причината се големи количества снег, чие топење го предизвика лизгањето. Хрватската влада во соработка со локалните власти ќе им помогне на граѓаните кои останаа без своите домови. Ќе им обезбедиме сместување и помош во обновувањето на куќите“, изјави Пленковиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1