Ова е инцидентот кој довел до разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли


Бред Пит наводно е под истрага на полицијата и социјалните служби во Л.А. за „вербално и физичко насилство над децата“. Порталот TMZ пишува дека инцидентот кој се случил минатата среда, додека семејството било во авион, ја натерал Џоли да стави крај на бракот со Бред Пит.

Наводно, Бред Пит бил толку пијан што им се развикал на децата, а со слично однесување продолжил и кога слетале.bred-1

Порталот TMZ пишува дека инцидентот кој се случил минатата среда, додека семејството било во авион, ја натерал Џоли да стави крај на бракот со Бред Пит.

Наводно, полицијата на Лос Анџелес како и социјалните служби го истражуваат случајот, а не е исклучено на разговор да бидат повикани и децата.

Извор близок до Бред Пит за истиот портал тврди дека актерот „работата ја сфатил сериозно“ но демантира дека извршил какво било насилство врз децата.

Извор на магазинот „Sun“ тврди дека Бред Пит е лудо вљубен во Анџелина и очајно поскаува да добие уште една шанса. Наводно тој ветувал дека ќе се стави на ригорозен третман на одвикнување од алкохол и дрога.bred-pit-i-andjelina-dzoli-e1322344680142

– Тој ветил дека ќе се поправи, дури и ќе оди на интензивна терапија. Тој е лудо вљубен во Анџелина и не би сторил ништо намерно за да ја повреди – вели изворот.

– Да, пуши марихуана и пие. И да, се караат кога тој ќе почне да вика. Тој знае дека треба да се промени и да стане подобра личност поради децата – вели изворот.

Според изворот, Бред е посветен татко и никогаш не би му наштетил на семејството, но Анџелина „решила да му ја уништи репутацијата и се однесува лудо“.

Во меѓувреме, актерката Мерион Котилард обелодени дека очекува второ дете со својот партнер и остро ги демантираше сите наводи дека таа е причината за разводот на Бред и Анџелина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1