Пеколни температури, УХМР најавува нов топлотен бран


Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 1 Берово, Охрид, 2 Маврово, Тополчани, 3 Прилеп, 7 Битола, 13 Виница, 16 Крушево.

Времето денес (28.07 2017 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и источните делови, кој на места ќе достигнува околу 60 км/час. УВ=8 Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Во Скопје температура до 30 степени.

За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени. Во недела и понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1