Поднесете годишна даночна пријава, рокот е 15 март


Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека граѓаните имаат обврска да поднесат годишна даночна пријава до 15 март.

Годишна даночна пријава е задолжитрелна за оние граѓани кои во 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и дополнителни приходи од:danocna dohod ujp
– кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп);
– авторски права;
– индустриска сопственост;
– исплатена дивиденда;
– капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот;
– поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари;
– игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници;
– интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com, www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари);
– лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија;
– работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација…; и
– други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.

Овие граѓани треба да побараат збирна пресметка од работодавачот кој им исплаќал приходи во 2016 година!
„Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој ви исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година да ви издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2016 година“, соопшти УЈП.
Од УЈП потсетуваат и дека збирна пресметка даваат и:

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок

Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишнoтo породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок.

Збирните пресметки се неопходни за да можете точно и навремено да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава.

Годишната даночна пријава е бесплатна и можете да ја преземете од веб страницата на УЈП. Може да се поднесе електронски, по пошта или лично на шалтерите на УЈП.

Во случај да ја поднесувате вашата пријава преку пошта поднесете еден примерок, а доколку поднесувањето решите да го извршите на шалтерите во УЈП поднесете два примерока.

За повеќе информации контактирајте не преку Инфо центар 0800 33 000.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1