Постоел руски заговор за убиство на Ѓукановиќ


Русија планирала да го убие поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада во минатата година, објави Дејли телеграф повикувајќи се на извор во Владата на Британија.36412_djukanovic-blic-oliver-bunic_f

Во текстот се наведува дека државниот удар на денот на парламентарните избори го воделе руски разузнавачи со поддршка од Москва за да го саботираат планот на Подгорица да влезе во НАТО.

Тие планирале заземање на зградата на Собранието и убиство на Ѓукановиќ. Дејли телеграф наведува дека планот е спречен само неколку часа пред да биде спроведен и требало да предизвика крвопролевање и да ја воведе државата во немири пред нејзиното зачленуавње во НАТО.

– Обидот за државен удар во Црна Гора планиран за 16 октомври минатата година е пример на зголемена агресивна кампања за мешање во работите на Западот, изјави изворот од британската Влада. Шефот на дипломатијата Борис Џонсон и неговиот американски колега Рекс Тилерсон разговарале минатата недела на својата прва средба за случувањата во Црна Гора, објави весникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1