Позната причината за масовното труење во фабриката во Тетово


Бактеријата Стафилокока е причина за масовното труење на 200-те работници во тетовската фабрика леар, дознава Канал 5.tetovo bolnica

Резултатите ќе им бидат доставени на јавното обвинителство во Тетово, што ја води постапката. Претходно, ноќта во петокот работниците од третата смена јаделе макарони со месо, подготвени во посебен дел од познат ресторан во околината на Тетово. Објектот не бил регистриран, а вработените немале санитарни книшки. Надлежните во петокот земаа мостри од храната и од работните површини со најава дека денеска ќе бидат соопштени резултатите од анализите.

Во меѓувреме ресторанот, како и фабриката Леар се затворени. Сите затруени работници се пуштени на домашно лекување, откако им беше пружена помош во тетовската и во гостиварската болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1