Услови за користење

Со користењето на кој било дел на порталот Mkd-news.com автоматски ги прифаќате сите актуелни правила за користење. Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата за користење, со што се смета дека оние што континуирано го користат порталот , или кој било негов дел, во секој момент, во целост ќе бидат запознаени и ги разбираат актуелните правила за користење. Ниту еден дел на порталот Mkd-news.com не смее да се користи во незаконски цели, ниту за нивно промовирање.
Порталот Mkd-news.com се состои од сопствени содржини, содржини од партнери и огласувачи, од бесплатни содржини, од содржини креирани од странски извори и линкови на надворешни страници. Mkd-news.com пренесува содржини и информации од информативен карактер – ги објавува со добра намера и со цел информирање на јавноста.
Порталот содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. Порталот нема надзор над наведените документи, податоци, информации и други интернет страници и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на интернет страниците креирани од трети лица.
Мкnews ги користи останатите содржини достпани на интернет просторот единствено по принцип на фер плеј и со наведување на изворот што според важечките законски прописи е дозволено, доколку изричито по писмен пат не добиеме забрана за користење на содржината од страна на авторот. Доколку сметате дека ваши авторски права се прекршени должни сте најпрво да не известете со официјален допис на info@mkd-news.com и доколку вашето известување е издржано спорната содржина ќе биде веднаш отстранета.
Со секое испраќање на информација и друг вид на содржина од читатели и надворешни лица до порталот го пренесувате правото за објавување на порталот и му ги пренесувате правата да може да ја објавува таа содржина. Порталот не е одговорен доколку надворешните лица ја модификувале или присвоиле одредената содржина за која ни самите не полагаат право и не е нивна сопственост, а како таква ја испратиле до порталот.
На корисниците на порталот не им е дозволено:
  • Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат важечките законски прописи, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин.
  • Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници
  • Лажно претставување во име на други правни или физички лица
  • Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на порталот
  • Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон
  • Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност
  • Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема
  • Користење на порталот на било кој начин за испраќање/ ширење – спамирање
  • Собирање, чување и објавување на лични податоци на други посетители на порталот и корисници
Порталот се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители.
Порталот не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на овој портал, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на порталот.
Порталот не ја контролира содржината која ја разменуваат корисниците и не може да гарантира точност, потекло или квалитет на таквите содржини. Во случај да открие дека некоја содржина ги крши правните прописи или го нарушува угледот на порталот како медиум, го задржува правото да ја отстрани таа содржина од порталот без претходно известување.
Порталот го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување и  не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран.
Недозволеното користење на кој било дел на порталот се смета за прекршување на авторските права на Mkd-news.com
Секое неовластено објавување на содржина односно фотографија, илустрација или текст од електронското издание во било кој друг медиум, издавачот објавува дека ќе подлежат на наплата за користење на нашата содржина.
Со објавување – тој што неовластено ќе ја објави содржината се согласува на овие услови и се согласува покрај законската одговорност, издавачот да испрати фактура според цената која ја формира издавачот зависно од превземената содржина и се согласува да ја плати во рок од 8 дена по приемот на истата. Во спротивно ке му биде пресметана законска камата.
Порталот го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел без никакви обврски за претходна најава. Mkdnews не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки.
Порталот во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на порталот.
Mkd-news.com
UA-33057274-1