Протести во Скопје- Обвинителство да не го преквалификува делото убиство за смртта на малиот Алмир


Обвинителството да не потклекнува на притисоците за прекфалификација на кривичното дело во случајот со смртта на 4 годишниот Алмир, побараа денеска 100-тина граѓани на протест кај Камениот мост во Скопје.. Велат дека на овој начин сакаат да испратат осуда за обидот да се преиначи обвинението со кое Бобан Илиќ наместо за „убиство“ да одговара за кривично дело „сообраќајна несреќа со смртни последици“.. Според организаторите на протестот, на овој начин се отвора сомнеж за селективна правда во зависност од етничката припадност на учесниците во судската постапка.

-Жалиме што јавната обвинителка во случајот не успеа да издржи до крај и подлегна на некакви притисоци и побара мислење од Вишото јавно обвинителсто. Не мислиме дека овој случај е за Вишото јавно обвинителство или Обвинителството на Република Македонија затоа што е едноставен случај што не бара никави докази за да се види дека се работи за класично убиство и никако за друго кривично дело. Во случајот како што се гледа и од видео снимката се работи за класично убиство извршено со умисла, вели Висар Вишка..

Протестот на 100-тина граѓани траеше половина час.. Од камениот мост тие се упатија пред Освното јавно обвинителство каде пред влезната врата положија цвеќе а ги оставија и паролите со кои го осудуваат обидот за смена во обвинението..

Инаку 4 годишниот Алмир беше прегазен пред две години во Куманово по расправија за ред во здравствениот дом меѓу обвинетиот и семејството на детето.. По тепачката што избила меѓу нив обвинетиот Илиќ бегајќи со автомобилот удрил во ѕид и го прегазил детото.. За случајот им се суди и на таткот на Алмир и уште двајца негови роднини кои одговараат за насилство..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1