Расипан телефон во Ватикан: Ало, овде папата Франциско! – Да, а јас сум Наполеон


Соработникот на порталот Bitno.net, Петар Нодило, е млад верник кој се наоѓа на студии во Рим каде престојува во исусовата резиденција во која главна вест е комичниот и симпатичен телефонски разговор помеѓу тамошниот портир и папата лично.

nov papa„Утрото, во точно 10:15 часот, папата Франциско I се јави во нашата куќа, овде во Рим, сакајќи да се чуе со генералниот поглавар на Исусовото Друштво, во кое и самиот до неодамна беше член. Се јави лично, а не преку секретарот како што инаку е обичај кога некој е баран од страна на папата. Ја доби портирницата на генералната курија. Разговорот одеше вака:

„Добар ден, овде папата Франциско, би сакал да разговарам со отец Адолфо Николас.“

„Да, а јас сум Наполеон“, промрмори портирот. И тогаш возврати со студен и отсечен тон.

„Кој е таму?“

„Папата, нормално, веднаш сфати дека не му верувам“, прераскажува портирот, „па веднаш продолжи со доста благ глас“:

„Не, навистина, јас сум папата Франциско, како се викате вие?“, ја опишува ситуацијата за порталот Bitno.net Петар Нодило и објаснува дека портирот во тој момент сфати дека навистина разговара со папата лично.

„Јас сум Андреас…“ „Како си Андреас?“, одговори на тоа папата.

„Добар, добар сум…простете…жал ми е…малку сум збунет“.

„Не грижи се, Андреас, само поврзиме со отецот, би сакал да му се заблагодарам за убавото писмо кое ми го напиша“, врати папата.

„Дури тогаш успеав да се приберам“, раскажува портирот. „Простете ми, ваша Светост, ќе го известам отецот“.

„Ма, нема проблем“, на тоа одговори Папата, „нема да има потреба од тоа“.

Потоа збунетиот портир го поврза папата Франциско I со бараниот генерален поглавар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1