Исправена неправдата: Вратени македонските имиња на местата во Пустец


Собранието на Република Албанија со 120 гласа „за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чиј назив на албански беше Лиќенас, соопшти Светскиот македонски конгрес (СМК).
pustec“Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана“, изјави престедателот на Македонска алијасна за европска интеграција и градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко.
На седницата на албанското Собрание за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, како градоначалник на општина Пустец и претседател на Македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија.
Од СМК со честитки до македонсата заедница во Албанија за донесување на овој закон и изразување очекување на престојните парламентарни избори Македонците во Албанија, обединети, како што велат, во единствената Македонска партија во оваа соседна земја, да добијат пратеник во албанскиот законодавен дом.
Лидерот на македонската партија, Македонска алијасна за европска интеграција и градоначалник на Пустец, Темелко деновиве изјави дека доколку албанскиот Парламент не го изгласа законот за враќење на автентичните топоними на населениете места во Мала Преспа, Македонците во Албанија ќе ги бојкотираат парламентарните избори, закажани за 23 јуни.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1