Педофил киднапирал и убил син на раководител на албанската тајна служба


Педофил го киднапрал и убил 11-годишниот син на заменик-директорот на секторот за антитероризам при албанската тајна служба ШИШ, Скендер Чела. Малиот Јулијан Чела исчезна на 30 ноември лани, кога му се загуби секаква трага откако излегол од интернет клуб. Главните сомнеж беа дека неговото изчезнување е поврзано со работата на татако му.

albanska-policijaПо опсежната истрага, полицијата во врска со овој случај го уапсила регистрираниот педофил Ардијан Прењаси, кој признал дека го убил Јулијан Чела.

– Детето не го познавав, го земав со измама замолувајќи го да ми купи цигари и да ми ги донесе дома. Кога насилно сакав да го внесам во станот, тоа почна да вика. Тогаш го убив, го завиткав во ќебе и во ставив во голема пластична вреќа, која ја оставив во контејнер со отпад пред зградата во која живеам, непосредно  пред да дојде камионот за отпад. Кога камионот ја зеде вреќата мирно си заминав дома, изјавил 45-годишниот Прењаси, кој во албанската јавност го доби називот „монструмот од (тиранската населба) Лапрак“.

Директорот на албанската полиција Хисни Бургај, за медиумите кусо изјави дека Прењаси бил уапсен во момент кога киднапирал друг малолетник. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1