Против силување: вагина со заби


Бидејќи во Африка силувањата имаат епидемиски пропорции, докторката Сонете Елерс измислила направа која силувачот ќе го чини неговата машкост. Според официјалните процени, во таа земја годишно се силувани 400.000 жени и девојчиња.

Станува збор за влошка од латекс во форма на туба, која како тампон се става во внатрешноста на вагината. Од внатрешната страна има назабени испакнатини кои се врежуваат во половиот орган на силувачот. Освен тоа што предизвикуваат голема болка, оневозможуваат пенисот да се извлече без тешки повреди.

kondom siluvanje

Единствениот начин за извлекување е хируршки зафат кој подразбира присуство како на лекар, така и на полиција, која потоа би го уапсила манијакот. Исто така, бидејќи силувачот е обземен од болка, тоа и овозможува на жртвата да побегне и така да избегне и додатно насилство. Уште еден позитивен ефект е намалување на опасноста од ХИВ-инфекција и несакана бременост.

Изумот предизвикал и многу несакани реакции, пред се кај здруженијата за борба против силување и насилство над жените. Но, Сонете Елерс не се поколебала: Јас не сум едукатор и сакам да се справам со оние кај кои едукациите немаат ефект. А на критиките дека методата е екстремна, можам само да кажам дека дивјачкото недело заслужува дивјачки последици”, рекла таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1