Расправија во семејството Ѓоковиќ: Додека јас пропаѓам, ти бркаш девојки на море!


Никако да завршат проблемите на поранешниот светски тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ. Тој иако одби да оди на операција поради тешките повреди на лакотот, на тенисерот ни лекарствата против болка не му помагаат.

И како тоа да не е доволно, Ноле има и други проблеми кои гои мачат, а особено го погоди постапката на неговиот татко Срѓан, со која како што се шушка во јавноста, извесно време не е во добри односи. Срѓан Ѓоковиќ минатата недела дојде во Црна Гора на одмор, пренесуваат српските медиуми.

Семејството Ѓоковиќ има луксузен стан во пристаништето Порто Монтенегро во Тиват, но овојпат Срѓан дојшол без сопругата Дијана. Ова особено го налутило Новак, па како што пренесува изворот близок на српскиот таблоид „Стар”, имале жестока расправија преку телефон.

-Ѓоковиќ во моментов е мошне исцрпен. Никогаш не бил олку слаб ментално и физички. Затоа се врати во Белград каде ќе оди на преглед за раката кај еден од најдобрите специјалисти, бидејќи повредата мора што побргу да ја излекува. Срѓан отиде на одмор во Црна Гора и Ноле е разочаран што не е со него сега кога му е најпотребен. Тој не е конфликтен по природа, но во момент на бес му се јави на татко му и му рече дека не е во ред да брка девојки на море додека неговиот син тоне и пропаѓа. Срѓан му рекол да ја излади главата и да се фокусира на она што ќе му препорачаат лекарите и да не се грижи каде оди тој и што прави, раскажува изворот на таблоидот „Стар” и додава дека Јелена сето ова многу тешко го преживува.

-Таа мораше да остане во Монте Карло, бидејќи е пред породување, а Ноле не сака да ја оптоварува со своите проблеми, па затоа дојде во Србија. Таа му е во моментов најголемата поддршка и кога слушна за караницата со татко му почнала да плаче.

Таблоидот „Стар” го фотографирал Срѓан Ѓоковиќ во друштво на згодна русокоса која има околу триесет години. Во каков однос е таа со таткото на Новак не е познато.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1