Рита Ора вклучена во измама поради која би можела да остане без богатството


Пејачката Рита Ора e во опасност да остане без голем дел од своето богатство затоа што е вклучена во голема измама.

Богатството се проценува на 10 милиони фунти. Таа откако го снимила својот дебитантски албум во 2012 година заработила солиден износ пари.rita ora

Пејачката Рита Ора ја контактирала полиција која ги истражува измамите на човекот кој ги води финансиите на Рита, а тука се и измамите поврзани со фирмите во кои и Рита вложувала.

Се шпекулира дека Рита би можела да остане без 10.000 фунти доколку и нејзините сметки се вклучени во оваа измама. За среќа, тие пари таа би можела да ги добие назад, бидејќи своите сметки ги осигурала од кражба.

– Рита Ора вложува во неколку компании. Некои од нив во кои таа учествува се потенцијални жртви на измама. Потенцијалниот губниток за сите жртви е голем, но Рита ќе почувствува само еден негов дел, бидејќи во тие компании таа е една од неколкуте вложувачи – изјавил нејзиниот адвокат Греем Шир.

– Секој губиток кој Ора ќе го претрпи ќе биде надополнет, бидејќи и таа се осигурала од измама – додал адвокатот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1