Се венча Елтон Џон


Славниот британски музичар Елтон Џон и неговиот Дејвид Ферниш во недела своето цивилно партнерство го претворија во брак, а пејачот свечениот ден го документираше на Instagram, пренесува BBC.

Elton-John-David-Furnish-Wedding

Нововенчаната двојка приреди забава на имотот во Виндзор, а меѓу гостите беа немал број познати лица како Дејвид и Викторија Бекам, музичарот Ед Шиен и актерот Дејвид Валијамс.

Елтон Џон и Дејвид Ферниш во цивилно партнерство беа од 2005 година, а во меѓувреме посвоија две момченца.

Со промената на законот во март годинава, Англија и Велс ги дозволија склучувањата на еднополовите бракови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1