Шекеринска: Испадна дека сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави


Шекеринска: На крајот на месецов ќе ги споделам информациите за 27 април

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сака да го коментира вчерашното тврдење на Мунир Пепиќ, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, дека и помогнал да го напушти Собранието.

– Не би сакала да говорам за нешта што треба да го констатира истрагата. На крајот на месецов сум поканета како сведок по предметот против човекот што ми ја зададе најголемата повреда на главата. Така што тогаш првпат ќе ги споделам информациите. Навистина не можам да коментирам туѓи изјави, но испадна дека на 27 април сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави – рече Шеќеринска одговарајќи на прашање по положувањето цвеќе на споменикот на загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Полицискиот службеник Пепиќ вчера на отворената седница на Апелацискиот суд во Скопје на која се разгледуваше неговата жалба за продолжување на притворот за уште 30 дена изјави дека на 27 април и облекол докторски мантил на тогашната пратеничка од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат од Собранието.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1