Што се договара во „Вила Водно“- Иванов и синоќа ги свика лидерите


До три часот наутро траеше средбата кај Претседателот Иванов со Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и собранискиот спикер, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Вели дека теми на разговорот биле стратешките прашања, проблемот со името на државата, приклучувањето кон Европската унија и политичката состојба во државата.

Од Кабинетот на Иванов во писменото соопштение пишуваат дека лидерите на трите најголеми партии во државата и собранискиот спикер е заклучено дека за излез од кризата е неопходен меѓусебен дијалог.

„На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвика загриженост кај граѓаните“, се вели во соопштението испратено од претседателскиот кабинет.

Инаку според неофицијални информации, било договорено ваквите средби да продолжат и во иднина, а иницијатор да биде или Претседателот Иванов или собранискиот спикер.

Инаку синоќешната средба кај Претседателот на државата е втора оваа недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1