Скопје може да се поплави со 80 литри дожд за еден ден


Скопската почва може да апсорбира половина од количеството дожд што наврна во невремето во неделата вечерта, велат во Дирекцијата за заштита и спасување, а со секој литар повеќе се создава можност за поплави. Дополнителен проблем е што врнежите од град го намалуваат протокот на вода и ја зголемуваат можноста за поплава., пишува Дневник

poplava skopje1– Ако почвата е сува, може да апсорбира 50-60 литри врнежи на квадратен метар. Но, ако претходно врнело и земјата е заситена, како во овој период на двомесечни врнежи, секое количество поголемо од 30 литри е критично. Тоа не мора да значи дека сигурно ќе има поплави, многу зависи од тоа колку се полни водотеците, но тогаш постојат услови за излевање. Во такви случаи ја следиме состојбата – изјави Мите Димевски од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Заситената земја е и услов да се зголеми нивото на подземните води и да се појават поплави во подрумските простории.

Во невремето што во неделата вечерта го зафати Скопје за половина час наврнале 37 литри на квадратен метар. Но, интензитетот на врнежите не бил единствениот проблем.

– Проблем беа и врнежите од град, кои на многу места ги затнаа одводите или го намалија пропустот. Обично, ако протокот е слободен, нема проблеми – појаснува Димевски.

Според Дирекцијата, први на удар на поплави се подвозниците. Хронични проблеми се јавуваат во подвозниците кај општина Гази Баба, кај Шуто Оризари, кај стариот Kванташки пазар, под стоковната куќа „Мост“, кај хотелот „Александар палас“, кај Цементарница, кај Геолошкиот завод…

Според процената за загрозеност на Градот Скопје од природните непогоди и други несреќи, опасноста од поплави е втора закана по опасноста од земјотрес. Причини за загрозеноста се наглото зголемување на сливот во Вардар и недоволната изграденост на системот за заштита од големи води. Односно, при прилив на енормни количества вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1