Славната фризура на Трамп чини 60.000 долари – пола вештачка, пола природна коса!


Како што се приближуваат претседателските избори во САД, така медиумите се натпреваруваат да „ископаат“ што побизарни приказни за претседателските кандидати.

Неодамна најпопуларниот американски портал „Gawker“ вложи огромен истражувачки напор да ја истражи тајната на фризурата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.tramp

Според стручњаците кои новинарите ги консултираа, тајната на препознатливата, „живописна“ фризура на Трамп е мошне комплицирана, но и многу скапа.

Половина од косата на Трамп е неговата природна коса, додека другата половина ја надоградил со трансплантација.

Оваа естетска интервенција го чинела американскиот милијардер околу 60.000 долари.donald tramp

Комбинацијата од природна и вештачка коса има големи барања за одржување, поради што Доналд Трамп месечно издвојува дополнителни 3.000 долари на фризер кој се грижи за неговата фризура.

Но, се чини дека тоа е скромен трошок во споредба со можниот колега на Трамп, францускиот претседател Франсоа Оланд. Неодамна француските медиуми објавија дека месечната плата на фризерот на Оланд изнесува околу 10.000 евра.

Фризерот не се одвојува од претседателот ниту на момент, а дневно и по неколку пати ја дотерува фризурата на Оланд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1