sneg pagjaВо Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени.

Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби врнежи од снег особено во западните и северите делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура во следните денови.

Во сабота во утринските часови се уште локално ќе има зголемена облачност со провејување на снег, меѓутоа во текот на денот облачноста ќе се намали, ќе преовладува сончево време, но сепак во сабота ќе биде доста студено и ветровите, а така слично ќе се задржи и во наредните денови.