Сончево и топло до 33 степени


Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер

SunУтринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Слично време ќе има и во петок, додека во деновите од викендот и во понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе има тенденција на благо опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1