Сведоштва од нападот во Ница: Камионот рушеше се пред себе, луѓето врескаа и бегаа по рестораните


Во терористичкиот напад во Ница вчера доцна навечер загинаа најмалку 84 лица, а ранети се околу 150 кога возач на камион со голема брзина влетал во маса народ кои го гледале огнометот на шеталиштето на познатото летувалиште на југот на Франција.nica-1-640x427

– За малку ќе загиневме. Се беше како халуцинација. Камионот возеше ваму-таму, не знаевме каде вози. Мојата жена беше само еден метар подалеку од мене. Таа загина. Камионот рушеше се пред себе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Некои луѓе се бесеа на вратата на камионот во обид да го спречат – пренесуваат странските медиуми сведоштво на Васим Буњел, еден од пристутните на шеталиштето.

Уште еден сведок, Луси Незбит-Комеску за „Скај њуз“ изјави дека се чувстувала како во Бејрут.1nica-640x427

– Беше шокантно, потресно и не можам да верувам дека дојдов овде на неколку дена и дека сум вовлечена во вакво нешто трагично. Одеднаш луѓето почнаа да врескаат и да трчаат по рестораните. Сите ресторани беа отворени и луѓето бегаа внатре. Само седевме внатре а луѓето што втрчуваа викаа: Не одете никаде, седете внатре“ – изјави Незбит-Комеску.

– Беше хаотично, луѓето врескаа, трчаа, сите се туркаа. Луѓето беа преплашени, посебно по пукањето – вели уште еден сведок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1