Свети Ѓеоргиј – за да ги заштитите своите најблиски немојте да го правивте ова


На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Сввети великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

На овој ден се вели дека ловците не смееат да ловат волци, зошто во спротивно ќе ги прати несреќа и малер во текот на целата година.

Исто така се вели дека не смее да се работат тешки и рачни работи, зошто според народните верувања секој кој ќе го направи ова, ќе го навлече гневот на Свети Ѓеоргиј и несреќа ќе го снајде неговото семејство или неговите најблиски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1