Телот на Чавез ќе биде балсамирано како на Ленин и изложено


Венецуелските власти одлучија да го балсамираат телот на починатиот претседател Уго Чавез и тоа да биде изложено во Музејот на револуцијата, изјави во четвртокот навечер привремениот шеф на државата, заменик-претседателот Николас Мадуро.

 
5d0deec1-a6a9-421e-aadd-4c8c51b4aaee
„Телото на Чавес ќе биде балсамирано, како телото на Хо Ши Мин, како телото на Ленин, така што тоа вечно ќе може да се види во стаклениот погребален ковчег”, изјави заменикот-претседател Мадуро.

По балсамирање на телото на „Ел Команданте”, тоа ќе биде пренесено во Музејот на револуцијата во Каракас.

Властите веќе донеле одлука да го продолжат времето за простување на народот, кое требаше да заврши во петокот. „Од Командантот народот ќе може да се прости уште најмалку седум дена, така што луѓето можат да го сторат тоа без никакви ограничувања. Всушност, нив ги има милиони, и ние сакаме секој кој сака – да може да го види”, изјави Мадуро.

Мадуро обајви дека во петок во 11 часот по локално време (16.30 часот по македонско време), ќе се одржи церемонијата на државното испраќање на Чавез, на коешто ќе присуствуваат делегациите на странските држави

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1