Терорист Французин и 15-годишно момче меѓу напаѓачите во Париз


Еден Французин, роден во париско предградие е идентификуван преку отпечатоци од прсти, како напаѓач во концертната хала Батаклан,  потврди полицијата, а медиумите јавуваат за уште една идентификација на момче на 15-годишна возраст како напаѓач во вчерашниот терористички акт во главниот град на Франција.pariznapadi7-652x320

Во медиумите излегоа и информации за националноста на жртвите, од кои најголем број се Французи, но има и двајца Романци, двајца Белгијци, еден Швеѓанец, меѓу мртвите.

Италијанската агенција ANSA извести дека најмалку двајца Италијанци се повредени, а една студентка е исчезната.

Reuters пренесува дека има повредени Американци, додека Британија нема потврда за жртви или повредени.Полицијата потврди дека кај еден од напаѓачите нашла сириски пасош, иако не прецизира на кое место е најден пасошот, од шесте места кои беа нападнати.

Ајфеловата кула е затворена за посетители на неодредено време, поради нападите во Париз, соопштија од управата на кулата. Затворен и паркот Дизниленд.

Во синоќешните напади, потврдени се 128 мртви и повеќе од 250 ранети од кои 99 критично, иако медиумите пренесуваат поголеми бројки на загинати, во нападите кои осум терористи ги извршија на шест локации во Париз.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1