Трагедија без крај: Во клубот од огнот настрадале до сега 40 лица (ВИДЕО)


Бројот на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Оукланд стигна до 40 лица. Ова го објавија американските медиуми, повикувајќи се на шерифот на градот. До сега се соопштуваше дека загинале најмалку 9. Објавена е уште една информација дека за исчезнати се водат меѓу 25 и 50 лица.pozar

Шефот на локалната противпожарна бригада Тереса Рид раскажа дека кога пожарникарите влегле во зградата за да се борат со огнот, но тие се соочиле со голем број на предмети, вклучувајќи голема количина мебел, уметнички дела и неколку куклиа.

“Салата била преполнета со мебел, со предмети на колекции. Било како лавиринт “, рече таа.

Од канцеларијата на локалниот шериф изјавија дека локалната мртовечница се подготвува да прифати 40 трупа. Но засега такви барања се уште не пристигнале. Од таму додадоа дека меѓу министерска комисија е формирана, за да го испита инцидентот и ги изнесе телата на жртвите од зградата.

“Зградата е огромна. Ќе треба доста методично да им се пријде на оддржувањето на телата. Исто така ќе се обидеме да разбереме од каде почнал пожарот и како се проширил … Се уште не сме ја претресле целосно зградата “, рече уште Рид.

Тери Лајтфут, претставник на болница Оукланд Хајланд изјави за СНН, дека во болницата примила двајца пациенти, едниот веќе е отпуштен. Лајтфут не откри информации за состојбата на другиот пациент.

Сабрина Меј Долан изјави за DailyMail дека нејзината сестра Челзи Фејт била на забавата под псевдонимот Черуши кога пожарот избувнал на вториот кат на зградата. Долан рече дека е во очекување да разбере што се случува со нејзината сестра.

Голем број на луѓе ги објавуваат на Фејсбук сликите на луѓето, за кои мислат дека се исчезнати по пожарот. Други пака објавија дека се добро и избегале од огнот неповредени. “Беше многу жешко. Имаше многу чад. Требаше да се извлечеме “, изјави за Тајмс “фотографот Боб Мјул кој добил лесни изгореници при инцидентот.

“Букавлно чувствував како мојата кожа се бели и белите дробови ми се задушуваат од чадот. Не успеав да го натерам противпожарниот апарат да функционира “, рече тој.

Причините за пожарот се уште се непознати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1