Цел фудбалски тим на македонецот Рангеловиќ во последен момент го откажале летот со ербасот 320 и избегнале сигурна смрт!


Поранешниот фудбалер на Вардар, Предраг Ранѓеловиќ, кој има настап и за македонската фудбалска репрезентација, се спаси од сигурна смрт заедно со своите соиграчи од Далкурд, откако целиот тим на шведскиот третолигаш требало да патува со кобниот лет од Барселона до Дизелдорф, за во последен момент рутата да биде променета.fudbaleri avion

Францускиот весник „Л’Екип“ објави дека раководството на Далкурд имало купено триесетина билети за своите фудбалери и членовите на стручниот штаб, кои ги одработеле последните денови од подготовките во Шпанија, па требале да се вратат во Шведска за стартот на новата сезона. Планот бил целиот тим да лета заедно на релација Барселона – Дизелдорф, со авионот Ербас 320 што се урна во француските Алпи утрово, но во последен момент дојде до промена на планот.

Ранѓеловиќ пред десетина денови потпиша за шведскиот третолигаш Далкурд- Нема информација дали и тој веднаш се приклучил на тимот на подготовки во Шпанија и дали и тој бил меѓу фудбалерите на шведскиот тим го избегнале кобниот Ербас 320, кој се урна во француските Алпи.

„Нашиот лет беше закажан преку Дизелдорф, всушност ние инсистиравме на таа опција. Сепак, откако увидовме дека има премногу чекање до следниот лет инсистиравме на промена. Дел од играчите се качија на два лета за Цирих, а останатите патуваа преку Минхен. Во тој период имаше четири авиони што летаа преку Алпите, ние имавме играчи во три од нив. Се чувствуваме среќно, но исто така и многу тажно поради судбината на патниците во четвртиот авион. Сакам да им испратиме најискрено сочувство на нивните семејства“ – изјави директорот на Далкурд, Адил Кизил.

„Буквално имав 200 пропуштени повици на телефонот, истото беше случај и со останатите играчи. Затоа, преку социјалните мрежи ги известивме сите дека сме ОК и дека не сме биле во урнатиот авион“ – истакна голманот Френк Патерсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1