Цело семејство од Македонија настрада во сообраќајка во Србија


Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и четиригодишно девојче во тешка сообраќајкна незгода што ноќеска, околу два часот, се случила на обиколницата помеѓу тунелите Липак и Стражевица на  Ибарската магистрала кај Железник, кон Остружница.

552679_obilaznica_ff

Директно се судриле два автомобила со македонска и бугарска регистарска табличка. На лице место загинал бугарски државјаниин, на околу 45-годишна возраст. Девојчето се здобило со полесни повреди на главата.

Жена на околу 40 години се здобила со тешки повреди на главата, а лекарите ја затекнале во бессознание. Таа е префрлена на реанимација во Ургентниот центар.

Маж на 42-годишна возраст добил исеченици на глават. 36-годишен маж, пак, има повреди на главата и скршеница на десната потколеница. 50-годишен маж има повреда на глава, граден кош и стомак. 33 годишен пак се здобил со повреди на двете нозе и стомакот. Жена на околу 38-годишна возраст  е полесно повредена.

Според нив, првичните сознанија од истрагата се дека „фиатот“ од Бугарија ненадејно преминал на левата страна на коловозот при што директно удрил во „голфот“ од Македонија, кој прописно се движел по магистралата. На коловозот немало траги на кочење, па се претпоставува дека бугарскиот државјанин може да  заспал зад воланот, предизвикувајќи ја несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1