Уапсен е Денис Родман


Поранешниот НБА играч Денис Родман бил уапсен во Јужна Каролина под сомнеж дека возел под дејство на алкохол, соопштила локалната полиција.

Родман бил уапсен во саботата навечер, заради „насилно возење“. Полицајците со лисици на рацете го однеле во полициска станица.

Претставник на полицијата во Њупорт рекол дека Денис Родман „паднал“ на тестот за проверка на алкохол во крвта, на кој имал над дозволеното.

Родман еден ден подоцна бил ослободен, откако поминал ноќ во притвор и полицијата се уверила дека е доволно трезен да си замине, бележи „ТМЗ“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1