Утре сончево, во недела дожд


Сончево време со слаб ветер в сабота, а дожд и заладување в недела, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за претстојниот викенд.

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, најпрвин од западната страна на земјата. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.oblaci sonce vreme mk

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.

Од недела под влијание на влажна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд ќе има во источните делови од земјата.

Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени.

Почести врнежи ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник, а тогаш се очекуваат и услови за краткотрајна нестабилност на југот со појава на грмежи. Од понеделник во периодот кој следи потоа, врнежите ќе бидат повремени со слаб до умерен интензитет и претежно во западните делови од земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1