ВИДЕО: Еве како дошло до страшната сообраќајка што ја потресе Македонија


Графички приказ на ТВ Нова прикажува како дошло до сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија – Удово.AVTOBUS SOOBRAKJAJKA

Според информациите од Oсновнoто јавно обвинителство Гевгелија, несреќата се случила на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка кога се судриле автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблици, управуван од четириесет и шестгодишен странски државјанин, автобус на „Струмица експрес“ и автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблици управувано од четириесет и едногодишен скопјанец.

Во сообраќајката загинаа возачот на „фиатот“ и неговата триесет и двегодишна сопруга, додека нивниот син е повреден и во критична состојба е пренесен на скопските клиники.

После неколку часовна блокада, патниот правец Демир Капија – Валандово повторно е отворен за сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1