ВИДЕО: Стојанче Ангелов: За нас и тоа како е важно како ќе се вика Кичево, господине Дехари


За свикувањето на денешната прес конференција лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, како причина ја наведе изјавата на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари дадена во интервју за Алсат М телевизија, пренесува Бриф.

– За нас и тоа како е важно како ќе се вика Кичево, г-дин Дехари, рече Ангелов.

Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го решат проблемот со Кичево и Струга.

stojance-Додека ВМРО се препукува и бара виновник за Кичево и додека македонскиот народ се замајува кој е виновен во Кичево дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, ние како Достоинство, уште на 14 март првпат најавивме можност за порширување на нашата иницијатива за референдум со распишување на четврто прашање кое се однесува точно на проблемот Кичево – Струга и во некои други општини во Западна Македонија и после консултации со неколку стручни лица од Р.М. но и со претставници на меѓународниот фактор дојдовме до заклчок дека ние како Достоинство во нашата иницијатива за референдум ќе уфрлиме и четврто прашања кое ќе се однесува на територијалната организација на Р.М. утврдена со закон во 2004 година, со кое граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат дали се за референдум или не, изјави Ангелов.

Дехари: Не е важно дали ќе се вика Ускана или Кичево – јас ќе бидам градоначлник за сите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1