ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски штом не кажува или ја штити мафијата или лаже дека му нуделе мито


По интервјуто на новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, во кое тој ја обвини градежната мафија дека сака да го привлече со бизнис понуди, од владејачката ВМРО ДПМНЕ и по втор пат побараа од Жерновски да ги открие имињата на оние кои наводно му нудат мито.

zernovski intervju„Поминува втор ден, а Жерновски сеуште не се охрабри да ги пријави или јавно да ги соопшти фирмите и лицата кои наводно му давале бизнис понуди, што преставува случај на корупција и нудење на мито“, повикуваат и денеска од Центарот за комуникација на ВМРО – ДПМНЕ.

vmro-dpmneВМРО – ДПМНЕ инсистира градоначалникот на Центар да ги каже имињата на фирмите или луѓето кои до него или до неговите блиски соработници доставувале бизнис понуди во вид на мито и корупција.

Според нив доколку тој се уште молчи за случајот со наводните на бизнис зделки кои му ги нуди, како што самиот рече, урбаната мафија, тоа значи дека или ги прикрива или лаже.

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, рече дека воопшто не го интересираат понудите на оние што градат, кои што веќе стигаат до него, за да замолчи или да не гледа што се случува.

На прашањето на Слободна Европа дали се тоа парични понуди Жерновски вели:

„Не се директно до мене, туку до моите соработници и еве ја користам оваа прилика да им упатам порака дека немам намера да влегувам во никакви преговори за она што е јасно кажано. Јас сакам, на крајот на краиштата не само како градоначалник, туку и како жител на овој град и на оваа општина, да го спасам Водно.

ЖЕРНОВСКИ – ПОЧНАА ПОНУДИТЕ ОД „ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА“ (ВИДЕО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1