Во дворот на охриѓанецот Борис Ѓорѓиоски, поранешен дописник на МИА, деновивие созреа џиновски домат од сортата „јабучар“, тежок околу еден килограм.
– Се работи за охридски стар јабучар кој полека се губи во нашиот град. Доматот е потполно еколошки израснат, додека на истиот корен имаше уште шест патлиџани слични на него, помали за некои 100 грама, вели Ѓорѓиоски.
Доматот, како што рече, воопшто не е прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор.
Ѓорѓиоски појасни дека тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.
– Најбитно е да се заживее тој охридски јабучар, кој е чист и еколоши здрав, мириса на вистински домат, а се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини, вели Борис Ѓорѓиоски.