Во двор во Охрид одгледан џиновски домат тежок 1 килограм


1 kg patlidjan

Во дворот на охриѓанецот Борис Ѓорѓиоски, поранешен дописник на МИА, деновивие созреа џиновски домат од сортата „јабучар“, тежок околу еден килограм.

– Се работи за охридски стар јабучар кој полека се губи во нашиот град. Доматот е потполно еколошки израснат, додека на истиот корен имаше уште шест патлиџани слични на него, помали за некои 100 грама, вели Ѓорѓиоски.

Доматот, како што рече, воопшто не е прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор.

Ѓорѓиоски појасни дека тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

– Најбитно е да се заживее тој охридски јабучар, кој е чист и еколоши здрав, мириса на вистински домат, а се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини, вели Борис Ѓорѓиоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1