Во Италија разбиена криминална мрежа за извоз на неквалитено маслиново масло


Италијанската полиција разби криминална група, која извезувала неквалитено и старо маслиново масло во САД, а го претставувала како ладно цедено.maslinovo maslo

Дванаесет лица, поврзани со мафијата Ндрангета во Калабрија беа уапсени.

Криминалната група доставувала евтино масло во САД. Таму производот бил етикетиран како екстра ладно цедено, кое е барано поради вкусот и позитивните ефекти врз здравјето. По измените продуктот бил доставуван во големите продавници во Њу Џерси.

Обичното маслиново масло чини една десетина од цената на ладно цеденото, кое се продава за околу десет евра за литар, изјави Давид Граниери, раководител на Асоцијацијата за производство на маслинки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1