Во само еден ден, 400 најбогати луѓе во светот изгубиле 127,4 милијарди долари


Анализата на агенцијата Блумберк покажува дека во само еден ден 400 од најбогатите луѓе во светот изгубиле неверојатни 127,4 милијарди долари, од кои богатите Британци „само“ 5,5 милијарди долари.covek pari

Овие загуби се бележат како резултат на одлуката која Британците ја донесоа на референдум за излез од Европската Унија.

Како резултат на Брегзит европските пазари забележале најостар пад од 2008 година. Фунтата паднала на рекордно ниско ниво, што не се памети од времето на премиерот Маргарет Тачер.

Меѓу европските милијардери, најмногу загуби има Амансио Ортега, најбогатиот Европеец, кој изгубил шест милијарди долари. Исто така првиот човек на “Microsoft” и првиот човек на “Amazon”, Бил Гејтс и Џеф Безос, изгубиле по милијарда долари, колку што изгубил и најбогатиот Британец, Џералд Кевендиш.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1