Во Скопје едвај се дише: ПМ честичките ги надминаа дозволените вредности – болниците полни


Зелените полиња кои гарантираат чист воздух вчера се обоија во портокалово и виолетово. Канцерогените ПМ честички неколкукратно ги надминаа дозволените вредности.

Густи магли од смог надвиснаа над скопски Центар и Карпош како и Аеродром. Таму, во приквечеријата воздухот станува опасен по здравјето на граѓаните.

Покрај скопјани, естремно загаден воздух дишат и битолчани, тетовци и кумановци. За да се заштитат граѓаните се затворија во домовите, а надлежните останаа затворени за информации.

За конкретни мерки допрва ќе говорат. Во моментот потенцираат само дека вина за повторување на минатогодишната алармантна сосотојба со воздухот ја делат и граѓаните.

Меѓу загадувачите е и пластиката што се пали по течението на Вардар. Сомнежите се дека токму таа е најголем проблем во скопски Карпош.

Светските статистики говорат дека загадувањето директно вилјае врз порасот на малигните заболувања. Овој период зголемени се и респираторните проблеми кај граѓаните. Болниците, особено детските одделнија се преполни. Во комбинација со вирозите, загадениот воздух дополнително го комплицира здравјето на граѓаните.

Срцево болните никако да не излегуваат надвор во попладневните часови кога е зголемена загаденоста на воздухот. Кај овие пациенти штетните ПМ 10 честички можат да предизвикаат хипертензија а во најлош случај срцев и мозочен удар, предупредуваат лекарите. Покрај граѓаните со кардиоваскуларни заболувања, нарушена здравствена состојба имаат и лицата со останати хронични состојби.

– Со самото тоа што нема доволно кислород тоа значи и намалена срцева функција, па доаѓа до тие исхемични атаки па пациентирсе се жалат на градна болка на главоболка.

Советите се и за сите граѓани, повеќе здрава храна, избегнување да излегуваат надвор и кога се во можност да одат на чист воздух, вели др. Оливера Арсиќ интернист во поликлиника Букурешт.

Изминатите денови кога мерните станици регистрирале и неколкупати повисоки концентрации на штетните материи, зголемен е бројот на пациентите во речиси сите здравствени установи. Најмногу работа имаат специјалистите на Пулмологија каде бараат и дополнителни решенија за третман на болните.

– Се забележува дека има нмогу поголерма раздвиженост на клиниката и затоа планираме да им излеземе во пресрет на пациентите со дополнителна амбуланта, вели др. Дејан Докиќ, директор на Клиника за Пулмологија.

Освен на Пулмологија, полни се капацитетите и во детската болница во Козле. Децата од аерозагадувањето завршуваат со тешки респираторни инфекции. Покрај земање на витамини, лекарите советуваат и бегство од градската средина кога воздухот е многу загаден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1