Вучиќ: Србија никогаш нема да се прилучи во НАТО


Српскиот премиер Александар Вучиќ вети дека неговата земја никогаш нема да се присоедини кон НАТО или кој и да е друг воен сојуз.vucik

Вучиќ ова го наведе ова за време на говорот на комеморативната церемонија на железнички мост во јужна Србија, каде во 1999 година бомбардер на НАТО гранатираше патнички воз и при тоа уби најмалку 28 лица, меѓу кои и мали деца.

– Ние никогаш нема да бидеме дел од Алијанса, што убиваше наши деца, ниту дел од која било друга Алијанса, нагласи Вучиќ.

На денешен ден пред 18 година НАТО почна да ја бомбардира Србија со цел да ги натераат српските сили да ги прекинат крвавите конфликти со косовските борци.

Бомбардирањата траеа 78 денови и оттогаш Србија е против Алијансата.

Иако Србија веќе води преговори за членство во Европската унија, таа ја зајакна воената соработка со Русија, која се согласи да и достави воени авиони, тенкови и противракетни системи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1