Заев: Ве повикувам да ја довршиме борбата!


Победуваме, победа, победа!, повика Зоран Заев вечерва на митингот во Битола на Коалицијата предводена од СДСМ.zaev-5666

– Ве повикувам да ја довршиме борбата. Режим паѓа, живот враќаме. Да го вратиме животот кој битолчани го живееја а заборавија да го живеат. Дозволете да си го дадам својот збор. Знаеме дека режимот паѓа, но тоа не е доволно. Луѓето очекуваат чесни политичари кои ќе ги водат. Јас сум Зоран Заев кој ги извади бомбите, маваше на овој режим се додека не го клекна. Е тоа е гаранцијата дека ќе бидам различен од Груевски и од сите други. Секој прес од проектот „Вистината за Македонија“ завршуваше со пораката „Никогаш повеќе да не се повтори“ – тоа е гаранцијата – рече Заев.

Тој вети дека во првата година од новата власт предводена од СДСМ поддржувачите во борбата против овој режим ќе можете да кажат „Ете, видовте дека може и во Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1