Загина сопственикот на Фокус – Никола Младенов


mladenovНикола Младенов, сопственикот на неделникот и на дневниот весник „Фокус“ загинал во трагична сообраќајна несреќа кај клучката кај населбата Хиподром во Скопје.

Младенов имал тешка сообраќајка со автомобил „мерцедес“ некаде околу пладне. Од МВР не можеа да го потврдат идентитетот на жртвата. Младенов е познат како долгогодишен новинар.

Македонската јавност го знае и по случајот „швајцарски сметки“ за кои беше тужен од Бранко Црвенковски и Хари Костов.

Извор – Дневник

ФОТО – ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ
ВИДЕО ОД МЕСТОТО КАДЕ ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ
ЏИПОТ НА МЛАДЕНОВ ЛОЦИРАН СПОРЕД СИГНАЛОТ НА МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН

Обновено – Макфакс потврда добил и од редакцијата на Фокус 

Информацијата за Макфакс ја потврдија од редакцијата на Фокус. Засега нема детали околу околностите во кои загина Младенов.

Пулс 24 пишува дека информацијата е потврдена и дека загинатиот е Никола Младенов 

Потврдено: Сопственикот на Фокус Никола Младенов почина во сообраќајна несреќа

Тој се возел со својот џип мерцедес, а до несреќата дошло откако возилото излетало од автопатот и се превртело. Несреќата се случила синојка а автомобилот бил пронајден утринава.

Во моментов на местото на настанот се чека истражен судија и има многу полиција и екипи на брза помош.

Пулс24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1