Заразен е со ХИВ и го плаќаат да има секс со девојчиња!


На југот на африканската Република Малави, во дистриктот Нсанје, живее 40-годишниот Ерик Анива, познат како „хиена”, кој врши морбиден ритуал на интимно „прочистување” на жени и девојки најчесто во пубертет, а всушност станува збор за потенцијално масовно ширење на разни болести, вклучувајќи и ХИВ.aniva

Оваа ужасна традиција девојчињата да се „прочистат” кога ќе влезат во пубертет е сочувана, за според верувањата, да се поштедат од болести и фатални несреќи, пренесува Би-би-си.

Истото важи и за жените кои абортирале и за вдовиците, кои пред да го погребаат сопругот мора да имаат односи со овој човек.

Секое село има своја „хиена”, а Анива вели дека за своите услуги наплаќа меѓу четири и седум долари секој пат, бидејќи ритуалот се повторува во зависност од потребата женската популација во тоа село да се сочува од некои несреќи или болести.

Неговите „пациентки” се на возраст од 12 до 13 години, и некои, како што вели, на ритуалот му приоѓаат со воодушевување, но има и такви на кои им е одвратно, но прифаќаат за доброто на семејството.

Селските старешини не го гледаат овој чин како силување, туку како облик на ритуално прочистување.

Ритуалот мора да се врши без заштита, а се смета дека „хиените” не можат да бидат заразени од ХИВ бидејќи се одбрани. Меѓутоа, Анива признава дека е ХИВ-позитивен, но дека тоа не им го кажува на своите жртви.

Тој од бракот со две жени има пет деца, кои велат дека ја мразат неговата работа особено затоа што не можат да бидат сигурни колку девојки забременил. Сепак истакнуваат и дека само неговата работа може да донесе неопходни приходи за живот.

И покрај тоа, Анива најави дека повеќе нема да се занимава со оваа работа, и дека во иднина ќе се бори против овие ритуали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1