Жена е најстар милијардер по смртта на Рокфелер


Милијардерот Дејвид Рокфелер вчера во неговиот дом во Њујорк почина на 101-годишна возраст. Тој почина токму во периодот кога „Форбс“ ја издава листата на најбогатите луѓе во светот.marija franka fisolo ferero

Според листата, сега, најстара најбогата личноста на светот е Марија Франка Фисоло, вдовицата на Мишел Фереро, односно основачот и сопственик на компанијата која меѓудругото ги произведува „Нутела“, чоколадите „киндер“, бомбоните „тик-так“ и чоколадните бомбони „Фереро рошер“.

„Чоколадната вдовица“ од Италија во моментот има 99 години и 26,2 милијарди доларишто ја прави 29. најбогата личност на светот или четвртата најбогата жена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1