Жив и здрав и денес – Ова е Златко – пациентот од онкологија кого БОГ го излекува


Сведоштвото на пациентот од Онкологија дека БОГ го излекувал предизвика интерес кај македонската публика. Младиот Златко нè контактираше и за Mknews изјави дека и ден денес е жив и фала Богу здрав и одлично се чуствува.

Оваа фотографија е направена во 2008 година, додека престојувал во клиниката за Онкологија примајќи ја неопходната терапија – пред него е лаптопот каде го пишувал и своето сведоштво, а десно од него е Библијата како негова духовна поткрепа. Еве дел од неговото сведоштво:

12286038_10154406111623642_1064117735_n

Скоро  ми се појави едно необично мозолче на моето тело. Ни на крај памет не помислив дека може да биде нешто сериозно. Си продолжив со редовните обврски, а и со пишувањето на форумов. Како што изминуваа деновите, неделите, видов дека тоа мозолче почна да расне. Сфатив дека не е мозолче, туку нешто друго, можеби некоја инфекција. Не чувствував никаква болка на местото. Да имаше болка, можеби порано ќе отидев на лекар, ама вака одложував за утре, утре итн.

Докторот беше воено лице и воопшто не заобиколуваше туку дирекно ми рече: “Туморот е малиген, имаш метастази и на лимфните јазли кај абдоменот, ќе мораш да земаш хемотерапии”. Како да го чув Божјиот глас во моето срце како ми вели: “Болеста не е смртоносна, смири се, ќе бидеш исцелен.”

Докторката ми рече да банкирам сперма. Јас одбив. Таа ми рече: “Од овие терапии има мала веројатност да останеш стерилен, затоа подобро банкирај сперма”. Јас реков: “Докторке, јас сум верник – христијанин. Верувам дека доколку е Божја воља, колкава и да е веројатнота, јас ќе имам потомство, а доколку не е Божја воља, јас нема да имам деца. Оставам се во рацете на Бог.” Таа почна да ме убедува дека во ред е тоа што јас сум верник, но дека ова е друга работа итн итн… јас сепак го оставив моето потомство во рацете на Бог.   Почнав со терапиите.  Дознаа и многу други.  Ни самиот не знам колку луѓе се молеа за мене. Но кога почнав со терапиите и кога видов дека неверојатно добро ги поднесувам, сфатив дека многу се молат за мене.

Целото негово сведоштво прочитајте го на следниот ЛИНК

СВЕДОШТВО на пациент од Онкологија: Мене Бог ме излечи од рак

Ова сведоштво е пишувано во 2008 година. Оздравениот пациент нè контактираше и ни пренесе апдејт од 28 Ноември 2015:

„Телесно и духовно се чувствувам одлично и своето сведоштво го користам и ќе го користам за да охрабрам многу луѓе кои поминуваат низ оваа тешка болест. Во периодот на моето лекување се зближив со 6 пациенти (хемо пријатели) со слична дијагноза и стадиум како мојата. 5 од нив починаа, иако ги примаа истите хемотерапии како мене. Воопшто не бев и не сум подобра личност од нив и со ништо не заслужив да преживеам. Но верувам дека Бог ме остави во живот затоа што сакал и сака да ме искористи во Македонија, за да можат што повеќе луѓе да дознаат за Божјата љубов и милост излеани преку Исус, преку Кого добиваме прошка од гревовите и вечен живот.“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1