Живеела во три века: Најстарата жителка на светот го прослави 117. роденден


Ема Морано, најстарата жива личност на светот, вчера го прослави својот 117 роденден со пријателите и семејството.

Госпоѓа Ема живеела во три века, а родена е на 29 ноември 1899 година, како едно од осумте деца. Благодарение на својата долговечност, Ема стана славна личност – има своја страница на „Википедија“, а во родниот град сите се грижат за неа.najstara-zitelka

Во Вербанија, градот на брегот на езерот Маџоре во Италија, во кој Ема Морано е родена, е организиран концерт и фестивал на танци во чест на 117-тиот роденден на најстарата жителка на градот. Исто така, направена е ретроспектива на нејзиниот живот, овековечена со фотографии и нејзини приказни, од животот во двете светски војни до разводот од сопругот кој со години ја малтретирал.

Кога новинарите на британскиот „Телеграф“ ја запрашале што е тајната на нејзината долговечност, таа им одговорила дека секој ден јаде три јајца, едно варено и две живи, како и малку живо мелено месо. На ова мени се придржува од својата 20-та година, и тоа по препорака на лекарот кој дамнешната 1919 година ја лекувал од анемија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1