Знамето со творците на „Голема Албанија” Иса Болетини и Исмаил Џемаили се вееше над Скопје


Дрон, на кој беше поставено знаме со карта од таканаречената “Голема Албанија”, вчера леташе над стадионот во Чаир, за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Шкупи и Вардар. Големата провокација ја подгреа дотогаш мирната атмосфера на мечот кој заврши со победа на “црвено-црните” од 2:0.zname-golema-albanija-chair

Засега сеуште нема официјални информации кој стои позади овој настан, кој нема никаква врска со спортот. Но, од фан страната на навивачката група Шверцери, може да се види дека пред почетокот на натпреварот тие го најавуваат ваквиот чекор.

Поради дронот на кој се вееше знамето на “Голема Албанија”, oд ФФМ најавуваат дека ќе биде покрената дисциплинска постапка против екипата на Шкупи.

Најостра осуда за вчерашниот инцидент кој се случи на фудбалскиот натпревар во Чаир стигна и од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваков инцидент се случи и во 2014 година, кога дрон со знаме од “Голема Албанија” се појави на мечот меѓу Србија и Албанија во Белград, по што дојде до тепачка на теренот, а натпреварот беше прекинат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1