Јанева ја прекршила доверливоста – Правобранителот ќе бара да ги врат 157.000 евра ако се отвори истрага


Државното правобранителство ќе ја чека одлуката на Обвинителството за високите надоместоци кои поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, самата си ги доделувала за доверливост.

Ова особено затоа што од објавените снимки на весникот „Ла Верита“, можеше да се чуе дека Јанева изнела доверливи податоци за истрагата пред Бојан Јовановски, кој на никаков начин не е поврзан со предметот „Империја“.

  • „Има механизми преку кои тоа може да се испита, но треба да се докаже дали е оштетен буџетот. Ние по службена дожност постапуваме“, вели заменик-државниот правобранител Сашо Станчевски за „А1он“.

Поранешната обвинителка секој месец земала по приближно 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење. Јанева добивала и 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под ставката „други трансфери“.Така заработила 157.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1