„Шверцери“ дивееја во националниот театар – Министерство за култура тврди не било најавено присуство


Навивачката група „Шврецери“ на фудбалскиот тим „Шкупи“ во петокот влегла во Македонскиот народен театар да го прослави својот 30 годишен јубилеј и направила хаос.

Толпата навивачи дивеела во театарот и направила значителна материјална штета, а видеата се објавени на Јутјуб.

Министерството за култура денеска по повод реакциите во јавноста за однесувањето на навивачката група „шверцери“ во МНТ се огласи со соопштение во кое наведува дека до дирекцијата на Театарот не било најавено присуство на таа група, туку само одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм.

-Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување два настана, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1