Јанева нема да добие апанажа – собранието и го одби барањето


Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“.

На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието.

Пратениците, исто така, дебатираа и за, како што посочија „дрскоста Јанева да побара ваков надоместок од Собранието“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1