ЈО побара притвор за Катица Јанева


Од Обвинителство на прес конференција соопштија дека Јанева се сомничи за злоупотреба на службена положба и бараат мерка притвор за Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е официјално осомничена дека е вмешана и ја злоупотребила својата позиција во случајот на изнуда од македонски бизнисмен, соопшти на вонредната прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовевески.

Како што образложи на почетокот од конференцијата за медиумите, во текот на истражната постапка било утврдено дека има причини истрагата за случајот „Рекет“ да се прошири и на специјалната обвинителка Јанева, како и да се побара мерка притвор за неа.

Според информации се врши претрес и во домот на Јанева во Гевгелија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1